Револуционерна боја за коса која што ќе им стави крај на вашите маки!

7 мај 2014

Сите девојки кои што својата коса ја бојадисуваат дома, добро ги знаат предностите, но и мааните на таа одлука.

Бојадисувањето во домашни услови е побрзо и секако, поевтино од она во салоните, а понекогаш и многу подобро. Она што единствено пречи, е нередот што многу често знаеме да го направиме при бојадисувањето.

Се чини, Лореал ги послуша барањата на девојките и создаде сосема нова, уникатна и неверојатно корисна боја за коса во тотално супер пакување!

Станува збор за „Superior Preference Mousse Absolue“ бојата која истовреме ја нарекуваат и првата автоматска боја за домашна употреба.

Како делува?

Со помош на јапонската технологија, научниците на овој бренд создадоа елегантно златно пакување во кое се наоѓаат две т.н ќелии – една со боја и една со разредувач на бојата. Со стискање на копчето, течностите се мешаат внатре во амбалажата и се добива прекрасна пена која што директно од пакувањето се нанесува на косата – без да се создаде никаков неред!

Заедно со бојата, во пакувањето доаѓа и регенератор со витамин Е и УВ филтер.

Најдоброто за крај:

Верувале или не, оваа боја можете да ја користите повеќе пати што ја прави и првиот производ за боење што може повторно да се користи. Доколку забележите дека ви се појавило некое бело влакно и истото треба да се поправи, она што треба да го направите е да посегнете по бојата што ви остана и да ја искористите до крај.

Оваа супер боја многу наскоро ќе се најде во продажба, а истата би требало да чини околу 15 долари!

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Убавина