Шминка на плус 40!!!

25 јули 2013

Како резултат на високите температури и силниот UV индекс на сончевите зраци, некако сите бегаат од огледалото и од шминката. Но тоа е тотално непотребно, затоа што оваа летна сезона ја има најбогата палета на бои и нијанси. Темниот и исончан тен совршено одговара со неонските бои кои се апсолутен летен хит, бидејќи дава совршен контраст на тоновите и изгледот, а прави да изгледате неодоливо и привлечно. Се работи пред се за шминки кои содржат природни пигменти и состојки кои не ја иритираат кожата. На пазарот има голем избор на козметички производи и шминки кои содржат природни пигменти во својот состав што не ја иритира кожата и не ги затвора порите.

 

 

Меѓутоа факт е дека не треба да претерувате. Нанесете силна боја на сенка на вашите очи. Одберете некоја од трендовските неонски варијанти, малку руменило, кое сорджи и бронзени светки за да го истакнете вашиот чоколаден тен и маркантен кармин. Акцентот ќе биде на вашите очи и усни, а вие ќе изгледате свежо шик и модерно.

 

 

Пред да ја нанесете шминката, експертите советуваат да не нанесувате подлога во вид на пудра, туку хидратантна крема, бидејќи вие и онака имате темен тен, кој треба само да го истакнете. Кремата ќе ја потхрани кожата на лицето и ќе задржи влажноста и свежината. Истото направете го и со делот околу вратот, рацете, рамениците и деколтето. Не излегувајте од дома без да нанесете заштитен фактор на вашето тело. Не треба слепо да ги пратите трендовите, бидете свои и внесете свој печат во вашите секојдневни make up експерименти. Оваа сезона дозволува да бидете колоритни и фантастични. Не заборавајте да ја понесете и насмевката со вас!

 

Објавено:
25 јули 2013
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
шминка неон бои