Третман од 60 секунди за кој кожата ќе ви биде благодарна

8 јули 2020

„Немам време“ е многу чест изговор за многу нешта - вежбање, гледање со пријателите, негата.

Но, сепак постои една метода од 60 секнуди на која кожата на лицето ќе ви биде благодарна и со која веќе ќе немате оправдување.

Ја открива дерматологот Најамка Робертс Смит, а се состои од миење на лицето за 60 секнуди. Тaa вели дека со врвовите на прстите треба да го миеме, односно масираме лицето, со што ја омекнуваме кожата, а ја подобруваме нејзината текстура и го едначиме тенот.

Притоа, нема потреба од никакви дополнителни препарати (можете оние што инаку си ги користите при миење на лице“. Дерматологот смета дека оваа метода е подобро отколку да се трошат пари на секакви препарати за чистење на лицето. А доколку имате потреба да користите некое, да внимавате да не биде агресивно и да не ја суши кожата.

Уште додава дека вообичаено не трошиме повеќе од 15 секунди на миење лице, а со оваа метода од 60 секунди, му помагаме на средството за чистење на лицето, односно водата да ги измине порите подлабински.

Откако ќе ја измиете кожата, потребно е да се нанесе крема за хидратација, со лесна структура, посебно ако имате сува или чувствителна кожа. Таа посочува дека резултатите и подобрувањето на квалитетот на кожата ќе се забележат веднаш после недела дена, доколку миењето се прави правилно - а тоа значи да го опфатите челото, сите агли на лицето, брадата и вратот.

Овој нејзин совет кој првично беше споделен на Твитер, стана вирален, па на таа социјална мрежа под ознаката #60secrule можете да најдете фотографии од различни жени на кои оваа метода им помогнала.

 

 

 

Објавено:
8 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.066 пати
Тагови: 
кожа лице