Иако многумина ќе кажат дека бананите се овошје што треба да се избегнува при диета, доколку сакате да изгубите некој килограм пред летните месеци, тогаш бидете сигурни дека тие се вистинскиот избор!
Калиумот како примарна состојка на бананата, покрај другото, ќе го спречи и ризикот од мозочен удар. Покрај тоа, природните шеќери како фруктозата, сахарозата и глукозата се одличен извор на енергија за вашето тело, па со консумирање токму на бананите, ќе го елиминирате лажното чувство на глад што често нѐ доведува до внесување на различни закуски.
Бананите се користат и како главна состојка во диеталните напитоци во кои се додаваат и различни семки, друг вид овошје и претежно спанаќ како природни „непријатели“ на мастите. Покрај тоа што ваквите напитоци се неверојатно вкусни, тие ќе му ги овозможат на вашето тело потребните витамини и минерали.
Денеска, ви предлагаме три вкусни напитоци од банана кои многу ќе му помогнат на вашиот метаболизам, а и ќе ви овозможат енергија во текот на целиот ден.
Напиток бр.1
Состојки:
-Една банана
-Еден портокал
-Две мали лажички сурутка во прав
-Две мали лажички ленено семе
Напиток бр.2
Состојки:
-Една банана
-Една шолја свежо овошје по избор (боровница, малини, брусница)
-Една мала лажичка мед
-Една мала лажичка рендан ѓумбир
-Пола шолја млака вода
Напиток бр.3
Состојки:
-Една банана
-200 гр.свеж спанаќ
-Пола шолја јогурт со низок процент на масленост
-Третина шолја овесни снегулки
-Една мала лажичка мед
Подготовката за сите овие здрави напитоци е сосема иста. Она што е единствено потребно е да ги ставите сите состојки во блендер и добро да ги измешате. Напитоците може да ги консумирате помеѓу оброците или пак за вечера, иако најдобро ќе се чувствувате доколку истите ги испиете за доручек, бидејќи тогаш организмот најдобро апсорбира и ги препознава состојките што ги внесувате. На овој начин, овие напитоци ќе направат вистинска инвазија на вашите масни наслаги наталожени околу струкот!
На здравје!