Трикови за убавина што не сте ги знаеле

18 декември 2013

Skin-care-myths-2

Некои препарати или намирници со кои се среќавате секој ден можете да ги искористите и за нега и тоа со само неколку трикови што ќе ви ги претставиме во продолжение.

-Балсамот за усни е одличен за нега на нокти. Имено, кожичката околу цврстиот дел има слични својства како и усните, па лесно се лупи и пука. Со прстот нанесете мало количество балзам и лесно тријте го. Оставете да делува 30-тина минути.

-Капките за очи можат да го намалат црвенилото на мозолчињата. Ставете капка на секоја акна, тие ќе бидат помалку забележливи и полесно ќе се сокријат со шминка.

-Прашокот за пециво на усните нанесете го со помош на влажно стапче за уши. Усните нема да бидат суви, а карминот или сјајот кој го користите ќе биде постојан.

-Кафето помешано со маслиново масло и е едноставен и мошне ефикасен препарат против целулит. Нозете и критичните места мачкајте ги секојдневно, а стручњаците тврдат дека ефектот ќе го забележите веќе после две недели.

-Купка од црн чај помага при изгореници, а зелениот чај ги смирува отоците доколку ве касне инсект.

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Убавина