Уметност во и од коса

25 март 2015

Роб Ферел е името на фризерот од Сан Антонио кој благодарение на својот талент и несекојдневната замисла стана познат ширум светот. Последните неколку години ги посветува учејќи ја анатомијата на познатите лица, што резултира со нивни портрети во коса.

Освен стандардните ножици, Ферел користи и црн туш и молив, како и неколку во боја. Со ножиците ја создава надворешната линија на портретот, а потоа со моливите и тушот ги доработува цртите., односно ги пополнува деталите.

Бидејќи веќе стана мошне популарен, има клиенти од цела Америка, кои доаѓаат специјално за да добијат портрет во коса.

Роб е веќе дотолку усовршен во она што го работи, што може да му се донесе било која фотографија и тој ќе ја наслика во и од коса. Така, во продолжение ќе видите портрети на Елен Деџенерис, Ким Кардашијан, Роналдо, како и феноменалниот портрет на Боб Марли и многу други.

Стив Џобс

Инаку, фризерот беше гостин и во шоу-то на Квин Латифа, а еве што презентираше таму:

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Убавина