V Canto – Парфеми инспирирани од тајните напитоци на Лукреција Борџија

13 ноември 2017

Во рамки на понудата, италијанскиот бренд Terenzi на своите потрошувачи им овозможува и ексклузивитет.

Тоа е V Canto колекцијата, е инспирирана од една од најубавите љубовни приказни во светот – љубовта кон корените и родната земја.

Паоло и Тицијана го дополнија својот дизајн со нов мирис инспириран од Лукреција Борџија, вонбрачната ќерка на папата Александар VI, која живеела, но не била кралица на V Canto дворецот.

замокот каде што живеела Лукреција

Новите екстракти на парфемот се осмислени како тајни напивки, со иновативен, возбудлив дизајн, во вистински Terenzi стил.

V Canto колекцијата, го претставува вистинскиот италијански луксуз, изработен со совршена уметничка вештина, раскажувајќи ги приказните за напивките и отровите, минатите животи, страста и љубовта.

Наменета е за сите со силен, слободен дух, подготвени да ги грабнат уздидте на животот, без компромис и страв, живејќи го како што секој вистински модерен херој би го живеел.

Оваа колекција на Terenzi ќе воодушеви со скапите природни и сурови материјали, хипнотизирачката и неодолива моќ, обвиткувајќи го оној што ќе ги користи нивните прафеми, со прекрасен, волшебен вел.

Парфемите се инспирирани од чудесните приказни, посветени на специјалните, уникатни луѓе. Овие „напивки“, како што ги нарекуваат Паоло и Тицијана, не се родово поделени, затоа што ексклузивитетот и луксузноста немаат род. Тие им се  претставуваат на оние што имаат софистицирана душа и знаат да го ценат и искустат тоа во целост.

V Canto колекцијата е составена од три парфеми, кои ви ги претставуваме во продолжение.

 

LUCRETHIA

Прекрасна, фасцинантна, софистицирана, кралска жена... и вистински фатална, како и парфемот именуван по неа..

„Лукреција е универзален и моќен лик, како овој парфем. Скапоцените цвеќиња, со хипнотизирачки мирис, толку сугестивни и егзотични, што создаваат уникатна аура на мистериозност и шарм, толку немилосдрдно фатална и опасна. Парфемот е мешавина на фатална тајна напивлка и вистинска femme fatale, која привлекува и маѓепсува и кога еднаш ќе се обземете од нејзината магија, ќе бидете заробени засекогаш“, велат од брендот.

Парфемот има суптилна, заводлива нота, со слаткоста на круша и лимонов цвет, во комбинација со розов бибер и есенцијално масло од цитрусно дрво.

 

CICUTA

„Напивката од пелинот е една од најсмртоносните и кога се дозира на вистински начин има хипнотизирачки ефект, кој ги контролира чувствата и умот на човекот. Лукреција била вешта во создавањето на овој напиток, „маѓепсувајќи“ и контролирајќи го секој што ќе посака.

Рецептот што ние го откривме повторно, беше инспирација за овој мирисен екстракт со хипнотизирачка, магична моќ. Парфемот содржи ноти на портокал, мандарина и бергамот. Сицилијанските цитрусни овошја додаваат комплексни нијанси на парфемот, со слој на кралска, елеганција проткаена со дамаскна роза, медитеранскиот кориандер и либански кедар. Се чувствуваат и ноти од мадагаскарски цвеќиња и ванила од Тахити“, објаснуваат Паоло и Тицијана.

Мирисот интригира и оружје на заводливост и безвременска убавина.

 

MANDRAGOLA

„Напивката од Мандрагора е еден од најпознатите смртоносни напивки од Средниот век, направена со дестилација на растенија и дрва, со прецизно наркотично и хипнотизирачко дејство, носител на натприродни афродизијак ефекти, кога ја создаваат стручни лица.

Истражувањето на тајните формули за моќните напитоци на Лукреција, запишани во нејзините дневници, нè донесоа од заборавено знаење до повторно ангажирање и предизвикување уметничка инспирација за создавање на овој нов парфем. Цитрусните ноти од медитеранските овошја се она што првин ќе го почувствувате, во сооднос со италијански шафрон. Тука се елементи на магнолија, розов чај, гарденија...“, раскажуваат од брендот.

Ова е парфем со силен карактер и неодолива сензуалност.

 

*спонзорирана објава IT Cosmetics

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
374 пати