Вака изгледаат лаковите за нокти на Оливија Палермо

5 мај 2015

rs_634x861-140714100952-634.olivia-palermo-cosmo-mexico-3-071414

Кон крајот на јануари беше најавена ексклузивна соработка на Оливија Палермо со козметичкиот бренд Ciate. Според договорот, Палермо имаше за задача да креирање на лимитирана колекција лакови за нокти, како и колекција на декоративна козметика. Сите производи треба да го одржуваат нејзиниот личен стил, по кој всушност и стана препознатлива во јавноста.

После неколку месеци, пристигнаа и првите лакови за нокти. За сега се презентирани  три бои и тоа – црвена, која ѝ ја посвети на својата мајка. Како вели Оливија, таа секогаш одбирала елегантни бои за лакови за нокти; коралната нијанса трендсетерката ја посвети на нејзиното омилено летувалиште во Нантакет, каде често го поминува времето, а третата нијанса, розова, ја симболизира смирувачката атмосфера на долг викенд во опуштено издание со нејзиниот сопруг.

И додека ги очекуваме и останатите производи, во продолжение погледнете како изгледаат споменатите три нијанси.

Olivia-Palermo-2-Vogue-29Apr15-pr_b_646x430

Olivia-Palermo-3-Vogue-29Apr15-pr_b_646x430

Olivia-Palermo-1-Vogue-29Apr15-pr_b_646x430

Објавено:
5 мај 2015
Категорија: 
Убавина