Лакови за нокти од Оливија Палермо

3 февруари 2015

Olivia-Palermo-Hairstyles

Модната трендсетерка Оливија Палермо ги проширува своите активности. Познатиот козметички бренд Ciate ја ангажираше убавата американка за креативна директорка. Според тоа, Оливија до  пролет 2016 година, кога истекува договорот, ќе треба да осмисли козметички колекции и колекции за лакови за нокти.

Ако се земе предвид популарноста на Палермо, козметичката компанија направи одличен деловен и маркетиншки потег.

За сега е познато дека трендсетерката планира да лансира четири колекции за шминка, како и колекции за маникир, инспирирани од палетата бои што приватно сака и често ги носи.

Не се сомневаме дека колекциите ќе бидат многу посакувани и популарни.

Објавено:
3 февруари 2015
Категорија: 
Убавина