Видео: Едноставни бохо фризури
•
24 март 2016
Таканаречените „неуредни" фризури се наједноставен начин да ја средите вашата коса во неколку минути, а сепак да биде соодветна за различни прилики.
Една од варијантите на „неуредните" се бохо фризурите кои и оваа, како и минатите неколку сезони, се особено актуелни.
Густите и долги шишки во комбинација со бујна „несредена" коса, како и „неуредната" плетенка се нашите фаворити – фризури што одговараат и на елегантен и на романтичен стајлинг.
Во видеото во продолжение ви прикажуваме како во неколку едноставни чекори сами да си направите три различни бохо фризури.