Трендовите постојано се менуваат, старите честопати се враќаат, малку изменети или надоградени. Тоа важи и за косата. Оваа есен ќе се вратиме во младоста кога се носеше волуменозна коса, или како што знаевме да ја наречеме „тостирана“.

За да ви успее да го задржите волуменот, морате косата добро да ја измиете, и тоа најдобро еден час пред да ја истретирате со преса. После миењето, додека е уште влажна, ставете пена или некое друго средство за зацврстување и исушете ја косата.

Пред да ја употребите пресата (онаа во цик-цак), мора косата да биде сува, бидејќи во спротивно нема да можете да го постигнете саканиот волумен.

Вклучете ја пресата да се загрева, а косата поделете ја на тенки прамени. Широчината на прамените зависи од широчината на пресата. Колку се потенки прамените, толку волуменот ќе биде подобар.

Можеби ќе ви биде потребно повеќе време, но ефектот ќе биде далеку поубав.

Кога ќе завршите, оставете ја косата да се излади. Потоа расчешлајте ја со голема четка и тоа прамен по прамен. Сосема на крај ставете лак за волумен и тоа повеќе долниот слој, многу помалку на површината.

Дали ќе ја оставите така дива или ќе ја соберете, изборот е ваш. Во галеријата ви даваме неколку предлози.

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.100 пати