Збогувајте се со лошо обликуваните веѓи!

22 ноември 2014

Во денешно време, ниту една девојка не смее да си дозволи несредени веѓи. Без оглед на трендот на природни и подебели веѓи, истите секогаш мора да ви бидат уредни. Она што секако е најзначајно, е тоа што во ниту еден момент не смеете да подлегнете на трендовите доколку истите не ви прилегаат. Во продолжение, дознајте кои се четирите најчести грешки при обликувањето на веѓите и како истите да ги избегнувате.

Колку често ги средувате веѓите?

Еднаш во неделата или можеби поретко? Во вашата козметичка торбичка во која ги чувате производите што ги употребувате секој ден, задолжително треба да има и чупалка. Ако сакате да имате правилни веѓи, секој ден средувајте ги помалку. Тоа е единствениот правилен начин. Дополнителна предност е тоа што на тој начин ќе го намалите времето доколку веѓите ги средувате еднаш неделно или поретко, пишува Fashion.hr.

Боење на веѓите...

Ако се одлучите на овој чекор, има едно правило доколку се двоумите околу нијансите. Ако имате светла боја на косата, бојата на веѓите нека биде до две нијанси потемна, а доколку косата ви е темна, нанесете две нијанси посветла боја. Доколку не сте сигурни за нијансите, за светлокосите важи правилото да се погледнат во потемна просторија, а темнокосите нека се ориентираат според најсветлите прамени во нивната коса.

Веѓите се еден од најважните делови на лицето... 

Кога се шминкате, прво нанесете подлога и нијансирајте го тенот, а потоа и веѓите. Кога ја нанесувате пудрата, може да се случи да ви остане дел и на веѓите, па пред да нанесете сенка и туш, задолжително поминете со моливчето за исцртување веѓи и обликувајте ги. Со исцртани и обликувани веѓи, многу полесно ќе добиете впечаток за тоа како ви изгледа целосната шминка.

Моливче, сенка или гел за веѓи? 

Сите три! Моливчето за структура, сенката за боја, а гелот за фиксирање. Средените веѓи бараат време, но на крајот ќе бидете многу задоволни. Средувањето на веѓите секогаш започнува од почетокот, па сѐ до крајот бидејќи последните 2/3 од веѓите, секогаш мора да бидат истакнати.

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Убавина