Хидротермалниот медицински центар „ЦАР САМУИЛ", бања Банско ја заокружи оваа година со бројни награди и признанија што ги освои на гала настанот „Вечер на шампиони" што минатата недела се одржа во Нови Сад, Срвија во пресрет на Меѓународниот саем за туризам.
Пехар за „Врвно ниво на развој на бањскиот и медицинскиот туризам ", вака гласи едно од вкупно седумтте престижни признанија што нашиот хидротермален медицински центар ЦАР САМУИЛ ги освои на доделување награди во туристичкиот сектор на гала настанот.
За симболиката да е уште поголема, доделувањето на овие престижни признанија се случи токму на денот на 41-от роденден на нашето познато бањско лекувалиште.
Овој избор доаѓа како резултат на напорната работа и вложување во комплетната модернизација на комплексот ЦАР САМУИЛ, што стручната комисија составена од врвни професионалци во туристичкиот сектор што го оценуваа квалитетот на туристичките објекти и услуги, ги издвои како достојни за ова признание.
ЦАР САМУИЛ беше избран како победник во уште шест категории:
-Континуирано вложување во иновативни технологии
-Високо ниво на сместувачки капацитет
-Модерен центар за рехабилитација
-Современ евент центар
-Посебен придонес во зачувување и реставрација на археолошкиот локалитет Римски Терми
-Термален и велнес центар со висок квалитет
Ова препознавање на квалитетот што го нуди ЦАР САМУИЛ има големо значење и за мапирањето како реномиран медицински центар на регионалната, па и светската туристичка мапа.
Во име на тимот на ЦАР САМУИЛ, наградите ги прими генералниот менаџер Горан Митров. Со овој гала настан всушност се најави и 54-то издание на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, на кој со својата ексклузивна понуда викендов се претстави и ЦАР САМУИЛ меѓу вкупно 240 учесници од меѓународната туристичка сцена.