Како да направите пост празничен детокс на организмот

10 јануари 2024

Празничните денови ги оставаме зад нас и време е малку да забавиме со храната и алкохолот.

Погоглем дел од луѓето се опуштаат за време на новогодишните и божиќните празници па доаѓа време кога и самиот организам бара диета.


Како да го постигнеме тоа?

Од исклучителна важност е да внесувате големо количество на вода и цедени сокови, со цел да останете добро хидрирани. Студеното време си го прави своето па затоа гледајте да конзумирате доволно течности.

Забавете со шеќерот и мастите, тргнете ги слатките малку настрана и сета храна која што важи за масна.

Одберете ги нивните здрави алтернативи, внесувајте доволно свежо овошје, а доколку посакате нешто благо тука се урмите, сувите сливи, смоквите и слично.


Желбата за грицки заменете ја со грст бадеми, лешници, индиски ореви, коишто се многу поздрава варијанта од преработените и зачинети чипсови.

Одберете храна од цело зрно, наместо бел леб конзумирајте интегрален и потрудете се во поголема мера да ги вклучите гравот, леќата, грашокот...


Покрај исхраната потрудете се да имате и некаква физичка активност. Иако зимските услови не дозволуваат многу вежбање на отворено, одвојте неколку минути за вежбање во домот или во некоја фитнес сала.

И секако негувајте добра мисла и оптимизам - менталното здравје е од исклучително значење за општата благосостојба.

Објавено:
10 јануари 2024
Категорија: 
Здравје