Најстарата жена во светот, 116, ги споделува своите тајни на долговечноста

18 декември 2023

Марија Бранјас Морена во март годинава наполни 116 години и моментално е најстарата жена во светот според Гинис.
Таа е родена во Сан Франциско, а со семејството се преселила во Каталонија уште во раното детство. Марија сега живее во старечки дом во Олот, Каталонија.

Оваа старица, што заслужува секаква почит има преживеано две светски војни, Шпанската ѓраѓанска војна и неодамнешната Ковид пандемија.

Марија е и најстариот ковид пацинет, откако во мај 2020 и беше дијагностициран вирусот.

Нејзината долговечност била и предмет на испитувања, но докторите не откриле ништо освен мали проблеми со слухот и движењето.

Таа не боледувала од кардиоваскуларни болести и јасно се сеќава на се од четвртата година од животот па наваму.

 

Во однос на исхраната Марија вели дека јаде од се по нешто.

Мислам дека долговечноста има врска со среќата. Среќа и добри гени".

Таа јаде природен јогурт секој ден и конзумира мали оброци.

Според Марија тајната на долгиот живот е да живеете според одреден ред, работите да ги прифаќате смирено, да одржувате блиски врски со семејството и пријателите, да одите во природа, да не се грижите непотребно, да не жалите за ништо, да бидете позитивни и да одбегнувате токсични луѓе.

Фото: Twitter/X

Објавено:
18 декември 2023
Категорија: 
Здравје