Мега популарната актерка од поранешните ју простори Лидија Вукичевиќ која публиката ја познава по култните серии: Бољи живот, Жикина Династија и многу други тв и театарски проекти веќе ја подготвува премиерата ,,Обвинителка" чиј автор е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува актерот Сашо Ристовски.
Покрај Вукиќевиќ на сцената ќе ги видиме нашите познати актери: Магдалена Ризова и Сашо Ристовски.
Сценографијата е доверена на Крсто Богојевски, а музиката за претставата е дело на талентираниот и популарен музичар Мишел Трајковски.
Нашата компанија ЕЛЕНА ЛУКА заедно со својот тим ја изработува костимографијата за претставата.
Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија.
Претставата се игра и на македонски и српски јазик.
Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, затоа што културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка " ќе го прикажеме тоа пред публиката кај нас и во регионот.
Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата.
Комедија кој ветува многу ,,Обвинителка" своја премиера ќе има во Театар Штип на 29.03.2023 со почеток во 20 часот.
Потоа следуваат репризни изведби во Куманово, Охрид и Битола.
Претставата е поддржана од: Министерство за култура, Почесен козулат на Република Србија со седиште во Охрид, Центар за култура ,,Ацо Шопов" - Штип, НУ Музеј на македонската борба за самостојност и од компаниите: ЕЛЕНА ЛУКА и Тикен Холдиг.