Обвинителка ќе гостува во Кавадарци, Гевгелија, Штип и Пробиштип

18 април 2023

Урнебесната хит комедија Обвинителка којашто минатиот месец ја имаше својата премиера, ќе гостува овој месец во четири града во Македонија.

Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба.

Преполните сали каде што гостуваше комедијата Обвинителка само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката. Тоа што ја прави оргинална е токму темата што ја обработува.

Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања: Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? ...

Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи.

Главната улога во оваа комедија ја игра Лидија Вукичевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова - Черних и Сашо Ристовски.

Автор на комедијата Обвинителка е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски. Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски.

Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски и на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура Ацо Шопов-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг.

Објавено:
18 април 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
393 пати