Фасцинантна резиденција по идеја на еден современ уметник

12 јуни 2017

Проектот што ќе го видите во продолжение е совршениот резултат на заедничката работа на архитектот Френк Гери, познатото студио Dan Bruun Architects и идејата на еден неприкосновен визуелен уметник.

Токму тој со своето семејство ја купи резиденцијата која ја проектираше Френк Гери во 70 – тите години од минатиот век и со помош на архитектите, ја прилагоди по свој вкус.

Оваа фантастична резиденција се наоѓа во познат кварт во Лос Анџелес, а нејзините први сопственици биле познатите колекционери Едвин Џанс и неговата сопруга Ен.

Она според што архитектите се воделе во најголема мера е минимализмот со дизајнерски потпис кој ќе го забележите и во најмалите детали.

Интересен дел од оваа резиденција е и прекрасното студио во кое ќе работи сопственикот, а огромните површини на белите ѕидови ќе служат за прикажување на неговата уметност.

Како што можете да забележите, белата и кафената боја се најзастапени во куќата, а има и еден посебен дел изработен од дрво и стакло кој овозможува фантастичен поглед кон градината и вистинско уживање.

Погледнете како ќе изгледа оваа фантастична резиденција.

Фото: BRANDON SHIGETA

Објавено:
12 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
110 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr