„Pancake Social“ - Прекрасно место за вкусен појадок уредено во едноставен скандинавски стил

23 јули 2019

Ресторанот, чие ентериерно решение ви го презентираме денес, се наоѓа во Атланта – Џорџија. „Pancake Social" е дел од зграда со историско значење за градот, во која се сместени елитни ресторани, деловен простор, како и луксузни станбени единици.

За уредување на овој ресторан бил задолжен креативниот тим на „NO Architecture", кој решил да имплементира класичен скандинавски стил. Тие избрале светли бои и едноставни линии, но притоа го акцентирале подот со шарени и мошне впечатливи плочки.

Дизајнот за овој простор беше инспириран од едноставноста на скандинавскиот начин на уредување, кој изобилува со чисти линии, многу природна светлина и примена на сурово дрво. – изјави главниот архитект на „NO Architecture"

Ѕидовите се бојадисани со бела боја, а на дел од нив се поставени бели дрвени греди во вертикала чија задача е суптилно да го разиграат просторот. На плафонот поминува целиот вентилационен систем, a големите полукружни лустери обездеуваат дополнителен шарм.

Целата содржина прочитајте ја ТУКА

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
317 пати