Социјалната мрежа Инстаграм е дефинитивно една од најголемите инспирации кога станува збор за модата или пак за уредување на било какви простори.

Она што во последно време е вистински хит е скандинавскиот ентериер од кој можеме да пронајдеме барем по некој дел во речиси секој дом.

Оваа данска блогерка се чини има еден од најинспиративните домови полн со хит парчиња од кои постојано споделува фотографии на Инстаграм.

Изабела Торсден во моментов е една од најпопуларните скандинавски лајфстајл и модни блогерки со повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи.

По неколку години живеење во Лондон, таа се вратила во родната Данска каде заедно со нејзиното момче создаде прекрасен дом со уникатни моменти.

Фантастичниот стан има многу ретро моменти, но индустрискиот дизајн е она што го прави навистина посебен. Удобност му даваат дрвените детали како мебелот од масивно дрво, украсите во винтиџ стил и сите останати детали кои двојката ги одбира на своите заеднички патувања.

Доколку ви треба некаква инспирација за пролетна промена во домот, тогаш оваа девојка ги има одговорите на тоа.

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.905 пати