Њујорчани периодов додека се движат низ улиците на метрополата имаат можност да погледнат интересни графити од обувки кои всушност претставуваат најава за новата колекција на американската дизајнерка Рене Снелсон која се потпишува зад етикетата Luxury Rebel.
Ако графитите досега создаваа урбана декорација низ улиците, овој пат тие дополнително треба да ги насочат минувачите кон шопинг по она што имаат можност да го видат на градските ѕидови.
Оваа необична реклама се покажа како успешна, па веќе поголем број обожаватели на брендот се во исчекување на колекцијата. Станува збор за трендовски модели на висока потпетица украсени со ремчиња и врвки кои барем на графитите се во впечатливо колоритно издание. Останува да видиме како тие ќе бидат пресликани во оригиналната верзија.