Џејсон и Роузи прекрасни, моќни и модно усогласени

16 мај 2023

Акциониот херој Џејсон Статам и супермоделот Роузи Хатингтон Вајтли се моќна, убава и стилски услогласена двојка, која што кога и да се појави ја воодушевува јавноста.

Сопружниците, кои се родители на две дечиња, на неодамнешната премиера на Fast X во Рим, повторно ја дефинираа софистицираноста која што секогаш е дел од нивниот јавен стајлинг.

Роузи изгледаше сензационално на црвениот тепих, во фустан на Dolce & Gabbana, која што е дел од пролетната колекција 2023.

Полупроѕираниот елемент надополент со корсет и висок шлиц беше споен со мал црн фустан, што во целост придонесе за воодушевувачки вечерен изглед.

Згодниот Џејсон имаше стајлинг усогласен со неговата дама, црно одело со дискретни темно црвени риги со потпис на Bottega Veneta.

Филмот Fast X е десетото продолжение на успешната франшиза Fast&Furious.

Фото: Facebook

Објавено:
16 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.166 пати