Како ви се допаѓа новиот Супермен?

28 јуни 2023

Хенри Кавил го доби својот наследник, одбран е актерот кој ќе го игра новиот Супермен. По повеќе месечните аудиции Warner Bros и DC Studios го објавија името на новиот Кларк Кент.

Станува збор за Дејвид Коренсвет, кој јавноста го запозна по улогата во серијата The Politician, која се емитуваше на Нетфликс.

За триесетгодишниот актер ова може да биде улогата што ќе му обезбеди статус на ѕвезда, со оглед на популарноста на франшизата.

Улогата на Луси Лејн и припадна на актерката Рејчел Броснахан, а парот ќе го гледаме во Superman: Legacy, којшто на големото платно би требало да се појави на 11 јули 2025 година.

Режијата на филмот ја превзема Џејмс Ган, кој исто така стои зад хитовите Guardian of the Galaxy и The Suicide Squad.

Останува да видиме како Дејвид ќе го одигра омилениот суперхерој.

Фото: Instagram 

Објавено:
28 јуни 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
115 пати