Креативни начини како да го украсите вашиот ѕид

10 октомври 2014

Уметничките слики се еден од подобрите и полесните начини кои ќе ви помогнат во уредувањето на вашето катче за живеење, а со тоа ќе го нагласат вашиот личен печат, карактер и стил. Освен со фотографии и уметнички слики, голем број луѓе сакаат своите домови да ги украсат со интересни декоративни детали и предмети. Токму инвентивноста на креативен начин да се спојат уметноста и декоративните моменти прават да се издвоите од толпата и да покажете една поинаква визуелна перцепција за тоа што претставува модерниот и убаво уреден дом.

Без разлика дали повеќе сакате минимализам или раскош, секогаш можете да го најдете идеалниот начин на кој ќе го украсите и уредите вашето место на живеење. И додека вљубеничките во минималистичкот стил одбираат златни украси, оние кои преферираат раскош се воодушевуваат од барокните декорации. Ако ви здодеаја масивните огледала на ѕидовите, уметничките слики и фотографските спомени, тогаш ние ви селектиравме седум ултра модерни декорации со кои ќе го украсите вашиот ѕид и тој ќе изгледа прекрасно.

Животински скулптури направени од трска

Плетени кошници

Чинии во различни форми и бои

Скулптури во рамка

Музички инструменти

Микс на огледала, винтиџ рамки и чинии

Парчиња трупци

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Култура