Неодамна Фејсбук забрани реклама за женска долна облека, чија цел е да го олесни менструалниот циклус и да ги направи тие денови поудобни. Причината е што видеото се смета за несоодветна содржина.
Имено, се работи за реклама на брендот за долна облека „Модибоди“, која за потребите на истата одбра реални жени, со реални сцени за време на менструалниот циклус.
View this post on Instagram
Брендот пред да ја реализира рекламата, направи истражување кое покажа дека една од три млади жени се' уште се плаши да зборува за менструација. „Модибоди“ одлучи да ги искористи медиумите и да креира содржина со која ќе им помогне на жените и ќе ги охрабри да го прифатат своето тело.
Токму затоа, во видеото можете да видите и жени кои не припаѓаат на „новите стандарди за убавина“, но секако во кои можеме да се препознаеме.
Појава на крвави дамки и отпад, Фејсбук сметаше дека се несоодветна содржина на социјалната мрежа, но после бројни реакции на жените (кои патем имаат пофални зборови за долната облека), како и жалбата која брендот ја упати до челниците на социјалната мрежа да ја поддржат кампањата, таа е вратена на Фејсбук.
Дали реалното навистина стана непогодно?
Погледнете ја рекламата и споделете го вашето мислење со нас: