Обожуваната Јелена Бачиќ Алимпиќ доаѓа во Скопје со нов роман!

22 мај 2014

Српската авторка на бестселерите „Рингишпил“, и „Писмото на госпоѓа Вилма“ конечно, со своето последно дело „Последната пролет во Париз“ доаѓа во Скопје како дел од промоцијата на овој одличен роман.

Промоцијата на книгата е закажана за 4 – ти јуни, а клубот Матица истата ја организира заедно со ребрендирањето на „Булеварот на книгите“.

Одличната Јелена Бачиќ Алимпиќ македонската публика ја освои со одличната “Рингишпил“, а потоа не нѐ остави рамнодушни ниту со одличната и мистична приказна во „Писмото на госпоѓа Вилма“.

Таа е наградуван новинар, уредник и водител. Иако е позната како јавно лице, мал е бројот на луѓе кои знаат дека всушност се работи за професор по книжевност.

„Последната пролет во Париз” е нејзиниот последен роман, кој е еден од романите кои ќе го одбележат летото. Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача спојува две судбини, кои раскажуваат една трагична животна приказна. Судбина на емигрантите од царска Русија, оданост на идеолошките вредности, појава на демони од минатото, каде е границата на вистината и како да се пронајде храброст за да ја прифатиме и да се осознаеме себеси?

Сите овие дилеми се испреплетени во приказната на старицата Марија Колчак и новинарката Олга Ласеж која сериозно го освојува Балканот, но и европските метрополи...

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Култура