Поглед од планинарскиот дом „Караџица“ што остава без здив

21 февруари 2022

На планинарите, авантуристите и активните велопедисти овој поглед од фотографијата им е добро познат. На останатите, веројатно ќе им заличи на некоја фантастична глетка од планинските врвови на Далечниот Исток. Но, не, ова е Македонија и нејзината прекрасна природа.

На фотографиите е планинарскиот дом „Караџица", вонсериското чувство што го нуди очи во очи со природата и погледот што не се плаќа со ништо на светот.

На дофат до Скопје, сместен на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица во централниот дел на нашата земја. Тука со природата сте на Ти.

Домот Караџица, се наоѓа на 1450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот.
Од Драчево до п.дом Караџица има 38 км. колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка- Лисиче- Дреново-Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште-Дом Караџица. Опциите за пристигнување пеш во п.дом Караџица се следни: (скопско)-Преслап-Кадина Река-с.Алдинци-Караџица (од прилика 2.30 часа пешачење), с.Цветово-п.дом Караџица (од прилика 3.30 минути), с.Патишка Река-Салакови Езера-п.дом Караџица (8 часа пешачење), с.Црн Врв-Салакови Езера-п.дом Караџица (6 часа пешачење) (велешко) од п.дом Чеплес-Солунска Глава-П.дом Караџица од прилика 6 часа пешачење.

Од каде и да тргнете кон оваа дестинација, вреди. А еве и зошто...

Фото: Инстаграм профил: @patuvajnizmakedonija @karadzicadomofficial @coci_lazarevski @jellyfishous @moja_makedonija

 

Објавено:
21 февруари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.997 пати