Првиот официјален трејлер за новата серија „Wednesday“ ветува забава и хорор

18 август 2022

Омилениот саркастичен и садистички расположен член на мрачното готско семејство Адамс, Среда Адамс, добива своја истоимена серија на стриминг платформата Нетфликс.

Режисерската палка за ова спин-оф шоу на серијата од 6–тите години на минатиот век и филмот од 1991 година кои веќе имаат статус на класици, е во рацете на Тим Бартон, кој е препознатлив по мрачната, надреалистична и мистериозна естетика.

Во негов препознатлив стил, официјалниот трејлер за долгоочекуваната серија веќе открива дека „Wednesday" ќе биде одлично визуелно искуство кое ќе понуди доза хумор, но и хорор.

Фото: MATTHIAS CLAMER/NETFLIX

Главната улога на Среда Адамс ѝ припадна на младата актерка Џена Ортега, а покрај неа ќе се појават и други звучни актерски имиња, меѓу кои и Кетрин Зета-Џонс како нејзината мајка, Мортиша и Луис Гузман како нејзиниот татко Гомез Адамс. Останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат Тора Бирч, Исак Ордонез, Џејми Мекшејн и многу други.

Фото: MATTHIAS CLAMER/NETFLIX

Фото: NETFLIX

Она што претставува посебно изненадување е улогата на актерката Кристина Ричи која сè уште е мистерија за јавноста. Портретот на Среда Адамс на Кристина Ричи во филмот од 1991 година е всушност е една од причините што овој лик денес ужива култен статус.

Серијата, за чија прва сезона се снимени 8 епизоди, е опишана како уникатна мешавина на хорор, комедија и натприродно, но ќе биде прилагодена на сите возрасти на гледачите.

Како што најави Нетфликс, Среда Адамс ќе се обиде да ги искористи своите неверојатни способности во серијата за да се справи со мрачните настани кои се случуваат низ градот.

Фото: VLAD CIOPLEA/NETFLIX

Инаку, ликовите од приказната Семејството Адамс се создадени од американскиот карикатурист Чарлс Адамс уште во 1938 година.

Погледнете го трејлерот подолу.

Објавено:
18 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
166 пати