86-годишна калуѓерка во новата реклама на „Најк“

18 август 2016

Не е првпат „Најк“ во своите рекламни кампањи да вклучува специфичен избор на луѓе. Во една од преходните го ангажираа Крис Мосиер, првиот трасродов спортист.

Во најновата кампања, насловена „Unlimited Youth“, се појавува 86-годишна калуѓерка, која или ќе ве инспирира или ќе ве направи да се чувствувате како најголемата мрза во светот.

Сестрата Мадона Будер е ветеран во „45 Ајронмен“ натпреварите. Она што е уште пофасцинантно е што таа пред својата „Ајронмен“ трка на 65 години, никогаш не трчала претходно. На 75 години станува највозрасната натпреварувачка некогаш што ја завршила трката.

На 82-годишна возраст пак, поставува рекорд за најстариот напреварувач на „Ајронмен“ трката некогаш пријавен. Сега, кога има 86, го руши претходниот и поставува нов.

Токму затоа и го има прекарот „Челичната калуѓерка“ (The Iron Nun). Во рекламното видео што ќе го видите подолу, таа освен што трча, исто така и плива и вози велосипед.

Со овој избор, брендот навистина направи бум, бидејќи им врза шамар на сите што наоѓаат милион изговори за тоа што не сме активни. 

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.030 пати