Барбери има ново заштитно лице

2 декември 2014

Долгата коса, црниот шешир и убавиот глас се неопходни за да го привлечете вниманието на Британците. На 12 годишна возраст, Џејмс Беј за прв пат добива гитара, а веќе на 15 години, започнува да пишува стихови за неговите песни. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност, музичарот се насочува кон градење на својата кариера. Тој е дефинитивно е еден од занимливите нови ликови на музичката и модна сцена, од кој очекуваме нови, интересни и успешни проекти.

Иако моментално работи на деби албумот, сепак Џејмс веќе успеа да ги воодушеви челните лица на модната индустрија, меѓу кој е и креативниот директор на Барбери, Кристофер Кејн, кој го ангажираше музичарот во проектот Acoustic session. Додека чекаме на неговиот албум, во продолжение ќе ви понудиме видео записи, од актуелните хитови: „The Dark of The Morning“, „Let It Go“ и „Hold“.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Актуел