Бушра Жарар е новата креативна директорка на „Ланван“

12 март 2016

После гласините, пристигна и официјална потврда од модната куќа „Ланван“ дека  е наследничката на Албер Елбаз.

Бушра Жарар

Веста наиде на одобрување во модната индустрија и сите со нетрпение ја очекуваат првата колекција на Жарар за „Ланван“, која ќе биде за сезона пролет-лето 2017.

-Безвременскиот стил на Бушра совршено ќе се вклопи во стилот што го негува „Ланван“. Нејзиниот таленти и високи стандарди, како и мајсторството на кроевите и материјалите ќе внесе свежина и модерна нота во нашата куќа – велат од „Ланван“.

Жарар пак, која во моментов дизајнира couture колекција за својот бренд, не го крие задоволството од соработката:

-Голема е честа да продолжам со промовирање на стилот на „Ланван“, дизајнирајќи во нивното ателје, со тим кој поседува одлични вештини. Приклучувајќи се кон оваа модна куќа, се појави желбата да ги проширам моите полиња на израз и креација. Мојата цел е да ја вратам хармонијата во „Ланван“ и да постојаност на модниот дизајн за жени, создавајќи мода на нашето време – изјави дизајнерката.

Инаку, Жарар во 2010 година лансираше свој бренд, а претходно 15 години стекнуваше искуство во модните куќи „Баленсијага“, работејќи со Никола Гескје и Криситјан Лакроа.

Објавено:
12 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
258 пати