Даниел и Тамара порачуваат: Дарувајте љубов, топлина и среќа!

30 декември 2014

Празничната еуфорија царува, а деновиве за уживањето да биде поголемо придонесува снежната покривка, но и новогодишните честитки од познатите. Шармантната пејачка  Тамара Тодевска, заедно со актуелниот  евровизиски претставник Даниел Кајмаковски решија на само ден пред Новата година да ги изненадат своите обожаватели со нова песна и видео запис. Текстот го напишаа писателката Ксенија Николова и Роберт Билбилов кој воедно се погрижи и за музиката и аранжманот. Тамара и Даниел под мостот обоен во весел колорит од сијалички порачаа сите да се собереме барем уште еден миг повторно заедно за празниците и да си даруваме многу љубов, топлина и среќа, бидејќи само спомените и убавите мигови се тие кои траат вечно.

Во видео приказната,  Тамара носи пастелно розов капут од Бизнис колекцијата на Елена Лука. Станува збор за волнен капут со специфичен начин на странично врзување во пределот околу струкот. Додека Даниел останува доследен на спортската елеганција.

Она што  видеото  го прави уште поубаво,  се децата кои заедно со своите идоли  ја испратија новогодишната порака насекаде низ светот. Покрај славејчињата во видеото настапуваат и дечињата од домот 11 – ти Октомври, како и од СОС детското село.

&feature=youtu.be

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Актуел