Десетото издание на „Моден викенд Скопје“ ќе се одржи во октомври

3 јули 2014

 

FWSK

Јубилејното десето издание на модната манифестација „Моден викенд Скопје“ (FWSK) за есен-зима '14/'15, ќе се одржи од 23-ти до 27-ми октомври 2014 година. За сите оние што сакаат да бидат дел, организацискиот тим на FWSK ги презентира начините на учество.

Така, дизајнерите можат да се презентираат преку самостојна модна ревија, групна модна ревија, моден перформанс и учество во шоурум и тоа во рамки на салонот Ауди, Порше Македонија. Програмата со ревии е достапна за дизајнери кои сакат да ги прикажат своите ready-to-wear колекции на писта пред повеќе од 200 гости и претставници на медиумите.

Она што се издвојува како новина во оваа нова и јубилејна сезона е новиот концепт на каталогот на FWSK. Наместо досега организираната фотосесија, учесниците ќе треба да испратат фотографии од моделите од колекцијата со која ќе се претстават.

Освен во салонот Ауди, Порше, дизајнерите што ќе одлучат да бидат дел од ова 10-то издание, ќе можат да ја претстават својата колекција и во сала во хотелот „Александар Палас“. На последниот ден се очекува македонската публика да види претставување на дизајнер од Србија.

 

Крајниот рок за испраќање на апликациите за учество е 2-ри септември (вторник) 2014 година, а сите заинтересирани можат да се обратат до организацијата на модната манифестација за сите дополнителни информации.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Актуел