Една поинаква фотосесија за колекцијата „Инстинкт“ на Антонија Ристoвска

12 декември 2013

Дизајнерката Антонија Ристовска својата најнова колекција за есен-зима 2013/14насловена како „Инстинкт“ ја промовираше на последниот Моден викенд-Скопје, а сега ја претставува на еден нов начин, преку необична фотосесија.

Водејќи се од самата тема „Инстинкт“ и атмосферата што ја поттикнува водечката точка, и самите фотографии дишат со еден поинаков амбинент.

„Фотографиите се бодати со колорит, кои пак ги облагородуваат моделите и го будат инстинктот во секој поглед. Преубавите девојки во замаглена атмосфера, растенијата кои потсетуваат на големите диви шуми во Амазон и вистинските змии ги прават фотографиите вистински пандан на убавици среде џунгла“, се вели во официјалното соопштение.

Но, покрај амбиентот, она што ја прави поинаква се и фотографиите на кои е употребена техника синемаграфи. Така, покрај стандардните, застапени се и „движечки“ фотографии, со кои уште повеќе се истакнува лелеавоста на креациите.

Зад објективот се потпишуваат Ани и Дими, шминката и фризурата се на Зоран Шурбевски, додека змиите се во сопственост на Војо Иванов. Во креациите на дизајнерката позираат Маријана Станојковска и Маја Ристевска.

Погледнете.

Cinemagraphy (1)

Cinemagraphy (3)

Cinemagraphy (4)

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Актуел