Екстравагантен кулинарски проект на Салвадор Дали

18 март 2014

Славниот шпански сликар кој со својата уметност втисна особен белег врз надреализмот како уметнички правец, Салвадор Дали во 1973 година, почнал да соработува со дел од најпознатите готвачи во француските ресторани, за да ја напише книгата „Les Diners de Gala“.

Салвадор Дали не бил само страстен сликар, туку чувствувал особена љубов и кон готвењето.

Оригиналната книга за готвење, која брои 136 рецепти поделени во 12 категории е преполна со екстравагантни јадења, микс на невообичаени вкусови сервирани на театрален начин. Во оваа готварска едиција ќе најдете и детали за идеален начин на исхрана според рецептот на уметникот кој во книгата вели:

„Естетската и моралната вредност на храната за мене има големо значење. Омилено јадење ми е спанаќот во комбинација со школки. Здравата храна ми е приоритет и го обожавам нејзиниот вкус“.

Во склоп со рецептите во книгата има и 12 литографии со омилените јадења на уметникот.

 

 

 

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Актуел