Еве ја првата насловна на Синди Крафорд

7 јуни 2013

Супермоделот Синди Крафорд ги почести своите Твитер следбеници со фотографија која ретко кој ја видел. Атрактивната бринета ја сподели нејзината прва насловна страна. За разлика од насловните страници на Вог, кои ги имала во текот на кариерата, оваа и не е толку блескава. Напротив, личи на аматерска фотографија, но токму затоа е и поинтересна.

Во времето кога, Кејт Мос за првпат заблеска на насловната страна на популарниот магазин „Face“, Крафорд ја имаше за магазинот „DeKalb NITE Weekly“ за кој речиси никој не слушнал.

Фотографијата што Синди ја сподели јавно е од локалниот весник на родниот град на моделот, Деклаб, Илиноис, од изданието издадено на 3.ноември 1982 година

 

 

Објавено:
7 јуни 2013
Категорија: 
Актуел