Хермес ќе отвори две нови фабрики во Франција

11 јули 2013

Со проширувањето на бизнисот ќе се отворат 400 нови работни места во источниот дел на Франција. Фабриките ќе бидат на 20 километри одалеченост од  постоечката фабрика во Селонкорт.

Бизнис политиката на Хермес предвидува пракса за идните вработени додека тие не бидат целосно спремни во креирањето на препознатлиот знак на овој бренд, а тоа се чантите Биркин ( во чест на Џејн  Биркин) и Кели ( во чест на Грејс Кели ). Можеби звучи чудно, но сепак за создавање на една Хермес чанта е потребно 48 часа работа, а интересен факт е дека работниот алат кој ќе го користат вработените ќе го понесат со себе кога ќе се пензионираат.

Покрај чантите, модниот бренд е познат по модните парчиња направени од свила, а последната колекција ја претставија на модната недела во Париз.

Објавено:
11 јули 2013
Категорија: 
Актуел