Хрватите „го исплукаа“ националниот фустан за Мис на светот

2 септември 2013

1229890_10151819058794824_868211261_n

Националниот фустан кој за новата Мис на Хрватска, младата Лана Гржетиќ ја осмислија дизајнерките Марија и Весна Милковиќ, не ја воодушеви јавноста. И тоа благо кажано.

На бројните интернет страници и форуми националниот фустан е буквално „исплукан“, речиси  и да нема позитивен коментар. Иако на многумина уште не им е јасна смислата на Мис на светот, случајот „национален фустан“ привлече големо внимание и тоа на негативен начин.

„Каква нација, такви дизајнерки, какви дизајнерки - таков фустан... Срамота и ѓубре!“, гласи еден од коментарите и тоа на познат хрватски стилист. Фустанот многумина ги потсетува на свадбарски стил од раните 1990-ти. „Како да ја дизајнирала и сошила Снежана од 2 в, од Средно текстилно. И тоа на пракса, фушерајски“, „Овој фустан како да е од кинеска продавница. Не знам зошто не одбрале нешто од нашите народни, изворни носии, туку оваа селска облека“, се само дел од коментарите.

Што мислите вие?

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Актуел