Импозантна историска изложба „Гламурот на италијанската мода од 1945 до 2014“ во Лондон

19 март 2014

Во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон на четврти април ќе биде отоврена најголемата изложба за годинава насловена „Гламурот на италијанската мода од 1945 до 2014“, а која ќе биде историска ретроспектива на италијанската мода од периодот по Втората светска војна до денес.

Импозантната поставка ќе претстави фотографии со непроценливо значење, филмови од историјата на италијанската мода, како и дела на стотина дизајнерски имиња и брендови  кои доминантно учествувале во градењето на глобалната слика на модната индустрија како: Долче и Габана, Гучи, Прада, Валентино, Версаче и други.

Изложбата ќе биде отворена до 27-ми јули.

Модна ревија во Palazzo Pitti, Фиренца - 1953 Модна ревија во Palazzo Pitti, Фиренца - 1953

Модно шоу 1955 година, Sala Bianca Модно шоу 1955 година, Sala Bianca

 

 

 

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Актуел