Изложба од мултимедијалниот свет на Жан Пол Готје

21 октомври 2013

Мултимедијалната изложба "The Fashion World of Jean Paul Gaultier: From the Sidewalk to the Catwalk" ќе биде посветена на легендарниот дизајнер Готје и неговото творештво, почнувајќи од 1970 година. Кустос на изложбата е Тери Максим Лориот од монтреалскиот  музеј за ликовни уметности, а интересно е дека порано токму Тери работеше како модел за Готје. Посетителите ги чека не само богата колекција од креации, туку и впечатливи инсталации. Гостите ќе ги пречекаат кукли облечени во креации, а исто и неговата муза, членката на групата Smashing Pumpkins,  Мелиса  де Маур, како и канадскиот модел  Ева Салваил.

Изложени ќе бидат 140 креации од висока мода изработени низ годините. Освен облека ќе бидат изложени и модни додатоци, скици, извадоци од филмови, видеа од ревии, меѓу кои и документарни снимки со познати кореографи, режисери и фотографи. На изложбата исто така ќе биде изложен и славниот градник што го носеше Мадона, како и костими од турнејата на Бијонсе. Оваа интересна изложба ќе може да се погледне во Бруклин од 25-ти октомври до 13-ти февруари.

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Актуел