Камерон Дијаз ќе дизајнира аксесоари за Pour La Victoire

22 јули 2013

Четириесетгодишната актерка која кариерата ја започна како модел, реши да навлезе и во модната индустрија, но не како заштитно лице за нови кампањи, туку како креативен директор. За почеток, Камерон ќе се обиде да го наметне сопствениот стил со креирање на нова линија чевли.

„Постојано носам чевли со високи потпетици и добро знам да проценам дали чевлите се комфорни. Имам неколку пара чевли кои би сакала да ги носам, но ми предизвикуваат болка во нозете. Токму поради тоа сакам да носам фунционални чевли“ – изјави Камерон во однос на нејзиниот нов ангажман.

Дијаз признава дека има многу да учи за водењето на бизнис, но се надева дека ќе создаде нешто кое ќе стане безвременско парче. Нејзината нова улога во Pour La Victoire е да учевствува во создавањето на новата колекција чанти и чевли и околу маркетингот на брендот.

Цената на аксесоарите се движи од 200 до 500 долари, а актерката се надева дека ќе успее да го постигне успехот на Викторија Бекам и сестрите Олсен.

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Актуел