Канје Вест си прави што сака!

14 септември 2015

Познатиот рапер и дизајнер, Канје Вест ги изнервира сите учесници на модната недела во Њујорк. Но, кога имаш доволно пари, по сè изгледа може да си правиш што си сакаш. Така, Канје без било каква претходна најава, одлучи дека неговата најнова колекција за Adidas, а втора по ред, ќе ја прикаже во рамки на ова престижно модно случување и тоа на 16-ти септември.

Тој се уфрли сосема ненадејно, а милионите долари му овозможија да ја организира и најави ревијата три дена пред самото одржување.

Тоа ги разлути останатите дизајнери што сосема регуларно ги најавија своите шоу-а за 16-ти. За сајтот WWD, тие го изразија своето незадоволство:

„Канје знае дека е медиумски важна личности и сметам дека ваквиот начин едноставно не е етички. Тоа е како борба на Дејвид и Голијат. Ја подготвувавме ревијата година дека и во тоа вложивме многу. Оваа не е ниту праведен ниту чесен начин на работа. Моравме да го смениме начинот на прикажување што е логистички кошмар. Трошоците се огромни“, изјави Ен Воувен која на овој датум требала да ја прикаже новата street wear колекција насловена како Nomad VII by Anne Bowen, која воедно упатила и жалба до Американското здружение на дизајнери.

Претседателот на ова здружение пак, Стивен Колб вели дека Вест не го пријавил одржувањето на ревијата:

„За ревијата дознав од NY Post, после што стапив во контакт со ПР тимот на куќата adidas. Ревијата не е впишана во службениот календар. Тешко е да се избегнат конфликтите кога немате точна информација“, изјави тој.

За сега, нема информации за евентуалните „санкции“ на Канје. Кој вели дека парите не можат сè?!

Објавено:
14 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.983 пати