Се чини дека Канје Вест упорно се одлучува за погрешни чекори во својата кариера и не покажува знаци дека го согледува тоа.
Имено, откако се појави во маица со натпис White Lives Matter на Париската модна недела на почетокот на октомври за време ревијата на неговиот бренд Yeezy и имаше антисемитски испад на социјалните мрежи, поради што беше суспендиран од Twitter и Instagram, Канје Вест сегас е соочува со суспензија и од неговите блиски соработници.
Куќата на Баленсијага, чиешто шоу во Париз Канје го отвори како модел, во петокот објави дека повеќе нема да соработува со музичарот со кој работеше на колекциите за брендот на Gap.
Gap ја откажаа соработката со Канје уште од средината на септември, откако упатија низа обвинувања против музичарот на социјалните мрежи. Дури и неговата банка, JP Morgan Chase, ги прекина сите односи со него затоа што ги навредуваше нивните постари вработени. Дополнително и Ана Винтур и магазинот Vogue одбиваат соработка со него, а одлуката е донесена по неговиот антисемитски испад на Twitter.
И покрај сите овие алармантни реакции од страна на брендовите, Канје сепак не ја гледа вината во себе. Тој упати и критики кон Adidas, кој моментално е во процес на разгледување на случајот и размислување за тоа како да го санкционира својот најпрофитабилен соработник со кој работи од 2016 година. Иако договорот помеѓу Канје и Adidas завршува во 2026 година, музичарот го обвинува брендот дека го исклучуваат од процесите на одлучување.