Кирстен Данст е новата амбасадорка на L'Oréal Professionnel

3 јануари 2014

По цела година појавување на црвените килими со беспрекорна коса и фризура, Кирстен Данст е именувана за нова амбасадорка на L'Oréal Professionnel.

По успешниот договор и соработка со куќата за накит Булгари, американската актерка потпиша нов договор со козметичката куќа L'Oréal Professionnel, за што многумина коментираа дека ова ќе биде успешна соработка.

31 – годишната актерка ќе сними три кампањи за француската козметичка куќа оваа година со три, сосема различни прекрасни фризури.

„Таа има исклучително силен карактер и секогаш прави избори во животот со голема самодоверба“, појаснила Ана Лори Лекреф, маркетинг директор на компанијата, додавајќи дека нејзината професионалност и верност ја направиле толку голема актерка како што е таа сега.

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Актуел