Која е приказната зад големата кеса и Викторија Бекам?

11 септември 2018

Деновиве на Инстаграм многу често можеме да ја видиме фотографијата на која познатата дизајнерка Викторија Бекам излегува од огромна кеса со логото на нејзиниот бренд.

Во еден момент, можеме да ја видиме седната во кесата, во друг како ја носи на глава, а во еден како познатиот фотограф Јурген Телер ја слика внатре во истата.

Всушност, станува збор за проект посветен на 10 годишнината на брендот и навраќање на почетоците кога таа се појави во иста кампања за големиот Марк Џејкобс.

Назад во 2008, дизајнерката беше фотографирана од истиот фотограф во иста кампања за дизајнерот по што и официјално ја прикажа нејзината прва колекција и ја започна неверојатно успешната кариера.

Сите фотографии што деновиве ги направи познатиот фотограф за дизајнерката се ставени на памучна маичка која и официјално се продава на нејзината страна по цена од 115 долари.

Со ова, дизајнерката уште еднаш се навраќа на некои од највпечатливите моменти од нејзината кариера во чест на 10 годишното постоење.

Таа ќе каже дека ова е брилијантен начин да ја прослави нејзината успешна кариера и да се потсети на сите важни мигови и луѓе со кои работела изминатите години.

Покрај ова, таа има и бројни други проекти за годишнината, а неодамна излезе и насловната на магазинот Вог на која се појавува заедно со сите нејзини деца и кучето.

 

Објавено:
11 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.134 пати