Кристина Беквалац ја претставува новогодишната колекција

12 декември 2013

Српската модната дизајнерка и сестра на пејачката Наташа, Кристина Беквалац виртуелно ја промовираше новата новогодишна колекција насловена „Belive“. Кристина открива која била инспирацијата за новата модна поставка.

-Кога веруваш во себе и во своите соништа, тогаш си на пат до нивно остварување. Тоа всушност е моето главно мото по кое се водев додека ја изработував колекцијата. Желба ми е девојките и жените што ќе ги носат моите фустани да бидат близу до остварување на нивните соништа, зашто јас своите ги остварив креирајќи ги, изјавува Беквалац додавајќи дека е горда на сработеното.

Сите модели од 15-ти декември ќе бидат изложени во нејзиното модно ателје Dressing.

 

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Актуел