Lotus Design Store престанува со работа

16 јуни 2015

LDS 3

Првата поп-ап продавница за македонски дизајн, Lotus Design Store, ќе престане со работа на 30-ти јуни. Обидите да се собере сиот македонски дизајн на едно продажно место, беше подвиг за почит и претставуваше надеж дека домашниот дизајн повторно ќе изнајде пат до купувачите.

- Концептот на “Lotus Design Store” го создадовме со цел да се доближи македонскиот дизајн до секого и со тоа да се афирмира во општеството и секојдневието на луѓето. Не запираме тука, концептот продолжува да живее во нас, чекајќи погодно време за повторна реализација, во поинакви услови - вели тимот на оваа поп-ап продавница.

Своето задоволство и благодарност за досегашната соработка на сите дизајнери ја изрази и сопственичката, Анита Гај, која воедно е и дизајнер на „Лотус Лаунџ Чер”.

DSC_0445

-Им благодарам на дизајнерите кои се потрудија колку можеа во овие услови да работат и да ги пласираат своите актуелни колекции и дизајнерски производи. Нема лесно да се откажеме и да ја предадеме дизајнерската култура и нема да дозволиме последниот грам на надеж за уметноста засекогаш да се избрише од нашите сеќавања. Искрено се надевам дека домашниот дизајн со квалитетoтот и контининуитетот ќе се издигне на нашиот пазар и ќе се избори за место помеѓу сите странски брендови кои доминираат. Воедно сметам дека на македонскиот дизајн му треба силна подршка и мецена и ги повикувам сите кои се во можност да инвестираат во креативните индустрии да го сторат тоа за бенефит за сите - вели Гај.

Инаку, за време на едногодишното работење на Lotus Design Store, дизајнерски производи изложија над 50 македонски дизајнери, а дел од нив смело го подржаа овој концептот до самиот крај.

Дел од продавницата ќе продолжи да работи преку онлајн продажба, на shop.lotusgeneration.com, а дел останува за купувачите. До 30-ти јуни во Скопје Сити Мол, можете да ја искористите шансата за купување на дизајнерско парче по намалени цени, се' до крајот на залихите во Lotus Design Store. Исто така, можноста да и' помогнете на Орнела Јовановска преку купување на донираните дела на 19-те дизајнери во хуманитарната акција “Дизајнер за дизајнер”, која се' уште трае.

Објавено:
16 јуни 2015
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Lotus Design Store Лотус