Македонски дизајнери се претставија на модната недела во Косово

28 април 2015

Секирарски

Изминатиов викенд во Приштина се одржа Меѓународната модна недела 2015, каде учество земаа нашиот етаблиран дизајнер Ненад Секирарски и младиот креатор Златко Јовановски, како и Менсур Алими.

Ова не е прво претставување на Секирарски пред тамошната публика, што воедно беше и уште еден предизвик за дизајнерот.

Секирарски

-Ова е мое второ претставување пред косовската публика и речиси после 7-8 години и сосема нов тим на организатори сметам дека косовската модна сцена иако млада и во подем, чекори напред. На покана на продуцентот на настанот Илир Геци и Гечан Груп кои стојат зад целосната организација на проектот публиката имаше можност да погледне 15-тина дизајнери. Моето претставување се случи на 26-ти април, последниот ден од настанот. Се претставив со 21 креација, пред сè од колекцијата што претходно беше претставена во Берлин минатиот ноември, но надополнета со неколку нови креации и неколку од претходната колекција, сè со цел да ја претставам повеќе мојата работа, а не да биде само класично претставување на колекција – вели Секирарски.

Секирарски

Но, соработката не застанала тука.

-Низ разговорите со организаторот и откако ги погледнаа моите креации, заклучија дека би било супер да се направи фотосесија во Скопје и со тоа да се промовира настанот. Тоа беше одлично искуство, со професионален тим во кој покрај мене како дизајнер учествуваше и Даниел Николовски чиј тим беше задолжен за шминка и фризура – изјави Ненад за Fashionel.

&feature=youtu.be

Одлични впечатоци носи и младиот Златко Јовановски:

- Организацијата беше на високо ниво. Работата со професионалци е одлична и секогаш тече во најдобар ред. За мојот краткометражен филм ми го отстапија огромниот лед екран, кој овозможи сцената да биде токму таква каква што замислив. Што се однесува до публиката, и нивните впечатоци беа само позитивни и интересни за мене како појава. Остварив многу контакти и бизнис понуди, за кои не би зборувал однапред- ни кажа Јовановски.

Покрај дизајнерите, дел од овој моден настан беа и четири манекенки од Македонија (Елена Анѓеловска, Антонија Локвенец, Ивана Ѓеорѓиевска и Ангела Ставреска), кои заедно со своите колешки од Косово, Албанија и Турција ги носеа моделите од сите креатори-учесници.

Оваа модна недела во Косово се одржа по седми пат, а покрај нашите, публиката ја виде и работата на неколку дизајнери од Косово, Албанија, Турција, Франција и Швајцарија.

За кореографијата на ревиите беше ангажиран познатиот моден кореограф од Турција, Асли Чагил, а специјален гостин на настанот беше еден од најпопуларните турски актери на Балканот во моментов, Толгаaн Сајишман.

Во продолжение погледнете дел од креациите.

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Секирарски

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Актуел