Манго ги откажува модните награди

4 октомври 2013

mangocanc-222

Шпанскиот бренд Манго го откажува петтото издание на Манго модните награди. Дизајнерскиот натпревар е откажан поради интерни мотиви. Инаку, главната цел на наградите е да се поттикнат младите дизајнери, а главната награда изнесуваше 300.000 евра за да се вклучат во интернационалната индустрија.

„После разгледувањето и анализирањето на целиот процес, сметаме дека Манго не успеа да ја исполни целта на натпреварот, што е претставувањето на овие таленти на интернационалната сцена“, велат од компанијата Ел Ботон, што го поддржува изборот.

Дали и кој ќе го преземе организирањето на наградите се уште не е познато.

 

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Актуел