Мишел Обама се извинува поради своите модни грешки

21 ноември 2013

Првата дама на Америка, Мишел Обама вети дека никогаш повеќе нема да носи кратки панталони кога оди на службено патување, зашто кога еднаш тоа го направила  предизвикалa голема „бука“ во јавноста. Мишел Обама, која во светот важи за модна икона, ова ветување пред медиумите го изјави по прашањето: за кое свое модно промашување најмногу жали? Таа вели дека понекогаш заборава дека е прва дама и облекува шорц.

 

Мишел потсетува и на својот прв семеен одмор откако дошла во Белата куќа, кога во август 2009 година го посетила Големиот кањон. Тогаш со својата појава ја шокираше американската јавност, по што изјави „ние сме на одмор“.

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Актуел